Гасификацијата на Скопје ќе чини 20 милиони евра

Bez autora
Mar 27 2013

Општината Чаир можеби ќе биде првата скопска општина што ќе добие гасоводна мрежа, ако се суди по тоа дека веќе ја има почнато постапката за добивање концесија. Според новиот Закон за енергетиката, гасификацијата веќе не е во надлежност на локалните самоуправи, туку на државата. Kонцесијата, која го содржи и правото за вршење регулирана енергетска дејност – дистрибуција на природен гас, ја доделува Владата, а на предлог на локалната самоуправа или на ресорниот министер. Пред донесување на одлуката, може да се склучи и договор за соработка меѓу општината на чија територија треба да се гради гасоводната мрежа. Таква можност е искористена во случајот на Општина Чаир, која на почетокот на годинава со Министерството за економија потпиша Меморандум за соработка за имплементација на проект за гасификација.

Гасификацијата на Скопје ќе чини 20 милиони евраОпштината Чаир можеби ќе биде првата скопска општина што ќе добие гасоводна мрежа, ако се суди по тоа дека веќе ја има почнато постапката за добивање концесија.

Според новиот Закон за енергетиката, гасификацијата веќе не е во надлежност на локалните самоуправи, туку на државата. Kонцесијата, која го содржи и правото за вршење регулирана енергетска дејност – дистрибуција на природен гас, ја доделува Владата, а на предлог на локалната самоуправа или на ресорниот министер. Пред донесување на одлуката, може да се склучи и договор за соработка меѓу општината на чија територија треба да се гради гасоводната мрежа.

Таква можност е искористена во случајот на Општина Чаир, која на почетокот на годинава со Министерството за економија потпиша Меморандум за соработка за имплементација на проект за гасификација. Во моментов, како што информираат од Министерството, се подготвува документацијата за распишување тендер за избор на компанијата која ќе ја изработи физибилити-студијата, по што ќе следува добивањето на концесијата. Од Општината веќе најавија дека постојат заинтересирани компании за инвестирање во мрежата, односно за јавно-приватно партнерство.

Овој пат можеби ќе треба да го следат и останатите скопски општини кои, ако се суди по предизборните ветувања на кандидатите за градоначалници, кои сите по ред планираат во следните четири години да го донесат овој енергент до жителите во своите општини. Или, пак, да чекаат да биде завршена физибилити-студијата што ја нарачува Министерството за транспорт, а што веројатно ќе потрае подолго отколку самостојно да го утврдат системот за својата општина. По првиот неуспешен обид да најде компанија која ќе го утврди развојот на гасификациската мрежа во земјава, Министерството сега распишува нов оглас, што значи дека тоа може да потрае.

Експертите велат дека гасификацијата на Скопје, односно изградбата на главната мрежа во сите општини ќе чини околу 20 милиони евра и тоа може да биде инвестиција на општинските јавни претпријатија, претпријатијата формирани со јавно-приватно партнерство или, пак приватни фирми што може да се јават како инвеститори. Понатаму, носењето на гасот до домовите ќе биде обврска на граѓаните. Извори за „Дневник“ велат дека изградбата на мрежата во суштина не е скапа бидејќи се поставуваат пластични цевки кои се евтини. Тие го посочуваат примерот на Струмица во која се поставени 13 километри цевки, и каде што од 1,7 милион евра потрошени за целиот систем, околу еден милион чинела мрежата. Ако се земе дека во Скопје топлификациската мрежа е долга 150 километри, па на тоа да се додадат и општините кои не се корисници на парното греење, се доаѓа од цена од околу 20 милиони евра.

Истовремено се посочува дека користењето на благодатите од природниот гас поевтино ќе ги чини жителите на колективните станбени згради отколку оние во куќите, бидејќи приклучокот чини исто без разлика дали се работи за куќа или за зграда. Притоа, велат дека најисплатлива варијанта е во зградите да се постават котли преку кои станарите ќе можат да користат топла вода како за затоплување така и за бојлерите, но и за машините за перење. Тие велат дека во висококомфорните згради топлата вода се користи и за разладување, а ова ќе биде применето и во новите згради што ги градат турски инвеститори во скопската општина Аеродром.

Со користењето на гасот ќе има големи заштеди на електрична енергија во домовите, но и драстично ќе се намалат трошоците во училиштата, градинките и во другите општински и државни институции, со оглед дека сите тие, како правни субјекти за парното греење плаќаат двојно поголеми цени од граѓаните или пак користат скапа нафта. Природниот гас како енергент за загревање секако ќе претставува сериозна конкуренција на парното, па во таков случај, новиот играч во овој бизнис „Балкан енерџи груп“, како што велат познавачите, ќе треба да го направи производството порентабилно, што секако ќе зависи од тоа како ќе се организира комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО.

Kрива Паланка најблиску до гасот

На постојниот гасоводен систем во земјава засега е приклучена само општина Kуманово, која има изградено 6 километри мрежа. Следна која веројатни ќе добие гас во наскоро е општината Kрива Паланка која се наоѓа на влезот на гасот во Македонија и која веќе ја има почнато предвидената постапка за добивање концесија.

Останатите општини ќе ја развиваат мрежата со онаа динамика како што ќе се гради главната траса. Па така, со изградбата на линијата од Kлечовце до Неготино, гасот ќе може да го добијат и останатите општини на тој потег. Физибилити-студијата на Министерството за транспорт во суштина ќе треба да даде одговор првенствено за гасификацијата на останатите региони од земјава. Се проценува дека со оглед што за изградбата на овој дел од гасоводот ќе бидат потребни околу две години, општините ќе имаат време да се подготват за донесување на овој енергент до своите граѓани и до индустриските капацитети на нивната територија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik